(ВИДЕО) КАТАСТРОФА: Силос за жито се сруши на погрешната страна и падна на соседната зграда

За време на рушењето на напуштениот силос за жито во Данска се направи голема грешка и објектот падна на погрешната страна, па ја здроби соседната зграда.

Напуштениот силос со висина од околу 53 метри во данскиот град Вордингборг падна врз културниот центар и библиотеката. За среќа, никој не бил повреден во овој инцидент.

Силосот требало да падне на исчистеното подрачје.

За неговото рушење биле искористени 10 килограми експлозив, а подготовките траеле 6 месеци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.