Научниците открија озон кој е во константен пад на висина меѓу 15 и 25 километри каде озонската обвивка од секогаш била густа.
УВ зрачењето може да предизвика промени во ДНК-та на растенијата, животните и луѓето.
Меѓутоа, озонот кој се формира во близина на Земјата се смета за загадување на атмосферата и предизвикува ефект на “стаклена градина” и претставува ризик за здравјето на луѓето.
Емисијата на издувни гасови и други човечки активнсти во интеракција со сончевата светлина го произведуваат озонот.
Меѓународните истражувања покажуваат дека Европјаните и Американците барем 10 дена во годината се директно изложени на штетноста на озонот.
Тоа посебно се однесува на Источна Европа и на земјите од Балканот.