Бурна седница за избор на јавен обвинител во албанското Собрание во Тирана. Седницата беше причина за конфликт помеѓу полицијата и учесниците во протестите пред Собранието кои имаа намера да влезат внатре, пренесува телевизијата “Њуз 24”.
Покрај лидерот на Демократската опозициона партија Лулзим Баша кој изјави дека ова е срам за Албанија, на протестот се придружи и втората по големина партија која е во опозиција, Социјалистичко движење, која ја предводи сопругатата на претседателот на државата Илир Мета, Моника Криемади.
Внатре пак во Собранието дошло до турканици и судир помеѓу народните избраници.