(ВИДЕО) Град со големина на тениско топче – автомобилите уништени

Колку и некогаш да се трудиме да го зачуваме својот љубител на четири тркала, некои ситуации не можат да се контролираат. Една од нив е градот.

Доволни се само неколку минути за лоши временски услови од овој тип да направат сериозни штети на автомобилите, дури и кога парчињата мраз се доста мали.

Вакво нешто им се случило на трговците на автомобили во Алабама, каде од небото врз стотици паркирани автомобили со марка Chevrolet, почнал да паѓа град со димензии на тениско топче и направил штета од четири милиони долари.

Да биде уште полошо, „бомбардирањето“ со град траело дваесеттина минути, а од јачината на ударите пукале и стаклата на паркираните возила.

Штетата секако може да се поправи, но нема да биде евтино.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.