(ВИДЕО) Германски доктор НОБЕЛОВЕЦ го шокираше светот: Ракот се добива од овие две намирници

Германскиот научник и добитник на Нобелова награда во физиката, Харалд зур Хаузен, предупредил дека слабо проучениот вирус, кој се среќава кај кравите, може да предизвика рак кај луѓето.

“Сметам дека домашните животни можат да бидат директен причинител на рак на дебело црево кај луѓетo”, вели Хаузен.

И други научници претходно предупредувале дека употребата на црвено месо (говедско, телешко и свинско) го зголемува ризикот од добивање на ваков вид рак. Но, Хаузен тврди дека опасноста доѓа само со говедското месо, но и со кравјото млеко, колку и тоа да изгледа чудно.

 

Тој открива дека во своите истражувања посебно обрнал внимание на фактот дека во Монголија се јаде премногу црвено месо, а дека ракот на дебелото црево бил многу редок, исто како и во Индија каде говедското месо не се јаде поради верски причини. Хаузен укажува дека ваквите заболувања се зголемиле после Втората светска војна.

 

Тој е уверен дека тоа е најдиректно поврзано со конзумирањето на увозно говедско месо. Германскиот научник додава дека во споменатите азиски земји многу ретко се среќава ракот на млечните жлезди, затоа што во нив минимално се користи во исхраната кравјо млеко и млечни производи.

Хаузен за научното списание “International Journal od Cancer”, објавил дека испитувал примероци од крв и млеко од крави и дека во нив открил елементи на ДНК кои можат да припаѓаат на непознат вирус, кој инаку би можел да биде причинител за ракот.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.