Федералната служба е најтајната специјална организација во Русија, позатворена и од ФСБ.
Оваа моќна служба потекнува од Деветтиот директорат на КГБ, уште од времето на Советскиот Сојуз. Нивната примарна задача е безбедноста на рускиот претседател Владимир Путин. ФСО се до таа мера затворени, што за оваа организација сите информации се базираат на претпоставки.
На јавноста не и се соопштуваат никакви извештаи за операциите на ФСО. Токму поради тајноста ги нарекуваат “духови”.
Службата 16 години е водена од генералот Јевгениј Муров, постариот колега на Владимир Путин од деновите кога претседателот работел во КГБ. По пензионирањето на Муров, контролата над ФСО ја презел неговиот заменик Дмитриј Кочнјев.
Се претпоставува дека ФСО брои 50.000 членови, како и неколку илјади кои работат во “длабока тајност”. Покрај тоа, тие го контролираат и фамозниот “чегет” – актовката во која се наоѓаат контролите за нуклеарното вооружување на Русија.