(ВИДЕО) ВРАТАТА НА ПЕКОЛОТ: Го убивала секој што ќе се приближи – сега знаеме зошто !

Пештерата пронајдена во близина на античкиот храм во Турција е наречена “врата на пеколот” откако го убила секое животно што се приближувало до неа. Причината била непозната.

Се наоѓа во рушевините на античкиот град Хијерополис, а во древните времиња се користела за принесување жртви на богот на подземјето Плутон.

Кога луѓето ќе доведеле бик или коза до таинствената пештера, животните умирале, но не и свештениците кои ги носеле. Луѓето кои премногу се приближувале, исто така умирале, пренесува Индекс.хр.

– Пештерата е полна со магла, толку густа што не се гледа тлото. Секое животно кое влегува во неа, веднаш умира – напишал историчарот Страбо.

Археолозите кои ја истражувле пештерата и сами се увериле во смртоносното дејство.

Вулканологот Харди Пфанц од германскиот универзитет во Дуизбург, смета дека во пештерата има испарување на огромна количина на јаглен-диоксид, настанат преку сеизмичката активност на подземјето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.