Во своето популарно шоу “The Profit”, милионерот Маркус Лемонис вложува пари во бизниси кои пропаднале или тешко се развиваат. Лемонис е свесен дека ако се однесувате со вработените љубезно и праведно, дека и тие подобро ќе ја извршуваат работата, односно ќе бидат попродуктивни и задоволни.
САД е држава која не е позната по поддршката на женските права на работа, особено кога жените ќе забременат и кога и им е потребно породилно отсуство. Во тие ситуации тие остануваат без работа и тоа главно по 12 недели бременост, па тешко се снаоѓаат за идните примања.
Тами Форбс е една од запослените во “Кеј Вест Кеј Лајм Пај” компанијата во која вработените добиваат неделна плата од 300 долари. Таа веќе има 8 годишни близнаци, но очекува уште едно дете. Работи како келнерка за да ги зголеми своите приходи.
Лемонис одлучил да и помогне на оваа жена давајќи и уште 6 месеци одмор и подобро платена работа откако ќе се врати од породилното отсуство.
Тами не можеше да остане рамнодушна на овој гест.
Ова е вистински начин на кој работодавците би требало да се однесуваат со вработените.
Ф.Г.