Иако бил еден од најголемите злосторници во историјата на човештвото, не е тајна дека некои жени го обожавале Адолф Хитлер, особено пред започнувањето на Втората светска војна. Тоа се докажува и со видеото на кое една жена од него бара автограм, а потоа и го бакнува.
На видеото можете да ја видите Карла де Вриес од Калифорнија, која го бакнала Хитлер кога му барала автограм, за време на Олимписките игри во Берлин во 1936 година.
Хитлер повеќе пати се обидел да ја избегне, а видеото долго време било забрането за јавноста, бидејќи го прикажувало нацистичкото обезбедување како слабо.
Ф.Г.