(ВИДЕО) ЈА СКРШИ РАМПАТА ЗА ДА ПОМИНЕ БРЗАТА ПОМОШ: Хаос владее на Скопските Клиники – обезбедувањето мораше да ја скрши рампата за да помине брзата помош!

Обезбедувањто на Клиничкиот центар во Скопје мораше да реагира и да ја скрши рампата, откако се блокира системот за отворање на рампата за паркингот за да може да влезе возило на брзата помош.

rampa_klinicki

Човекот од обезбедувањето кога виде дека возилото на брзата помош не може да влезе сметаше дека е неопходно да ја скрши рампата со цел да спаси живот. Ваквите слики се секојдневие во кругот на клиничкиот центар, каде вработените мораат да импровизираат за да спасат живот, поради хаосот кој го предизвика Таравари.

На Клиниката, намето на посебен и секогаш слободен влез, каков што имаа претходно, возилата на Брза помош влегуваат со сите возила што речиси секогаш резултира со чекање во колона.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.