Претседателот ан ЗНМ, Насер Селмани, вчера во 17 часот во Центраот за култура во Прилеп оставари средба со новинарите од Прилеп, причина за тоа беше се погласното препукување помеѓу новинарите, но и променетиот однос на новата локална власт кон медиумите, особено кон оние кои се критички настроени и се обидуваат реално да ги отсликаат состојбите во градот.
Селмани на прилепските новинари им порача дека треба да имаат поголема солидарност и единство затоа што поделбата која што некој сакал да ја создаде меѓу новинарите, не била во нивен интерес.
Дел од новинарите и медиумите во Прилеп на претседателот на ЗНМ му се пожалија за притисоците кои ги трпат од локалната власт и локалните функционери, на што тој потенцираше дека и ако само еден посто од она што го слушнал било вистина тогаш тоа било страшно.
“НЕ МОЖАМ ДА НЕКАЖАМ ДЕКА СУМ ДЛАБОКО РАЗОЧАРАН ОД ПРИТИСОЦИТЕ НА КОЈ СЕ ИЗЛОЖЕНИ КОЛЕГИТЕ, АКО 1% ОД ОНА ШТО ЈАС ДЕНЕСКА ГО СЛУШНАВ ОВДЕ Е ВИСТИНА, КАКО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ИЛИ ОПШТИНАТА, ИЛИ ЛУЃЕТО ВО ОПШТИНАТА СЕ ОДНЕСУВААТ СО ЛОКАЛНИТЕ МЕДИУМИ ВО ПРИЛЕП, АКО САМО 1% Е ТОЧНО, ТОГАШ ТОА Е СТРАШНО”, е дел од изјавата на Претседателот на ЗНМ.
Во продолжение слушнете ја целата изјава на Селмани која тој ја даде пред новинарите после одржаната средба: