Борис Мандиќ, претседател на Здружението за надвучни пилоти смета дека доколку една држава нема полигон на кој ќе го тестира своето оружје, не може да напредува.
Што значат прецизните напади на метата поврзана со арсеналот со хемиско оружје ? Дали тие знаат точно каде се наоѓа хемиското оружје ?
– Сеуште никаде не е јасно и гласно кажано дали Сирија поседува хемиско оружје, каде се наоѓаат фабриките на тоа оружје, кој го произведува тоа оружје и што прави со него. Не заборавајте го ризикот од случајна или намерна грешка која може да предизвика голема криза, голем проблем. Кога го зборувам ова, мислам на луѓето кои употребуваат високософистицирано оружје. Доволно е еден програмер да ги погреши координатите и да настане катастрофа. Не заборавајте дека бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград беше по тој модел. Тој воен аспект има само една цел – да се покажат мускули, да се тестира ново оружје, да се празнат старите залихи на оружје.
Со други зборови, доколку Русија биде ставена во ситуација на заштитник, Кина ја придвижи својата флота, ако ги имате САД, Англија, Франција, тоа може да предизвика Трета светска војна. Се надевам дека нема да дојде до тоа.
Колку ќе ја чина овој напад Америка и колку профитираат оние кои ги изработуваат овие ракети ?
– Ако станува збор за американскиот национален интерес, Американците имаат свој модел, а тоа е сите војни, пред се, да бидат што подалеку од Америка. Исто така, да се направи поделба на лоши и добри момци и да се избере лидер. Сега тоа е Асад, кој мора да биде сменет. Трето, тие делат оружје, така ја развиваат воената индустрија. Знаете ли колку голем е нивниот воен буџет. Ако немате полигон да тестирате, не можете да напредувате. Профитот овде се мери во милијарди.
Извор: Спутник