ВАКА БИ ИЗГЛЕДАЛА ВОЈНА МЕЃУ НАТО И РУСИЈА: За еден месец една од овие две сили би била уништена !

Владимир Путин неодамна го претстави новото руско вооружување и со тоа предизвика многу реакции на Западот.

Како што пишува “Економист”, НАТО е во предност во однос на Русија. Америка и нејзините сојузници потрошиле 871 милијарди долари на вооружување , во однос на 52 милијарди колку издвоила Москва. Но реалноста на теренот би можела да биде поразлична.

Како што објаснува корпорацијата “РАНД”, Русија има значајна локална супериорност, па во било каков судир со НАТО кој би бил блиску до нејзините граници, Алијансата би била уништена за кратко време. Вкупните сили на НАТО би биле преголеми за Русија, но за еден месец НАТО Алијансата би загубила секаква војна, се наведува.

По руската инвазија на Украина во 2014 година, НАТО го зголеми военото присуство на Балтикот. До минатото лето таму имало околу 4.350 војници во четири групи кои биле водени од Германија, Британија, Канада и САД. Според договорот од 1997 година, војниците не биле постојано на едно место, односно тие се повремено ротирани.

НАТО исто така ги зголеми резервите од околу 5.000 војници кои може да се распоредат за една недела, меѓутоа Алијансата се согласува и со тоа дека тоа не е доволно да ја убеди Русија дека секој напад би бил напад на целиот пакт.

Она што ги загрижува воените експерти на НАТО е воената моќ која Русија може да ја собере во многу краток временски период на Балтикот. “РАНД” открива дека Русија во тенковска борба бројно би била поголема во однос 5,9 спрема 1, во пешадиска 4,6 спрема 1, а во артилериска дури 270 спрема 0. И додека НАТО има значајна предност во воздух, ефикасноста на авионите брзо се намалува кога се соочуваат со најсилната противвоздушна одбрана на светот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.