Булеварот “Aлександар Македонски” во Прилеп за скоро време ќе добие нови тротоарни површини со бекатон плочки.
Деновиве се уредува делот на потегот од зградите на улицата “Димо Наредникот” до фабриката “11-ти Октомври”, oд десната страна, со што ќе се подобри ликот на овој дел од булеварот и ќе се зголеми безбедноста за движење на пешаците.
Напоредно со оваа пешачка патека ќе се прави и велосипедска патека. Средствата за изградба на оваа пешачка и велосипедска патека се издвоени од буџетот на општина Прилеп, а до крајот на годината ЈКП Комуналец и општина Прилеп ќе постават околу 5.000 метри квадратни бекатон на повеќе локации низ градот.