Будимпешта град кој треба да се посети

parlamentot

Будимпешта e главeн град на Унгарија. Град кој треба се се види затоа што е „кралица на Дунав“. Составена е од два дела – Будим и Пешта, споени во една целина. Будимпешта треба да се види шетајќи пешки, со фотоапаратот во раце. „Лежи“ на девет мостови. Еден од нив е Верижниот мост или Мостот на лавовите, кој е симболот на градот.

20170602_134104

Најпрво треба да се види Будимскиот замок, некогашната резиденција на унгарските кралеви. Прошетката е во друштво на г. Јозеф Шуташ, Македонец, со унгарско потекло, претседател на Здруженито на Унгарци во земјава, кој ми ја раскажа историјата на замокот. Замокот е извонредно здание кое потекнува од 13 век, а самото доаѓање тука ви дава впечаток дека сте се вратиле во некои дамнешни времиња. Плени грандиозниот дворец, кој некогаш бил средновековна палата градена од 13 до 16 век, црквата С. Матијас, Рибарската тврдина… Се заштитено со закон. Во стариот дел се и Националната галерија на Унгарците, во која се сместени вредни уметнички дела, Националната библиотека, Историскиот музеј. Во средината е црвката Св. Матијас, стара повеќе од 700 години, во која се крунисани многу кралеви. Околу неа Рибарската тврдина од каде се пружа најубавиот, величенствен поглед преку Дунав кон Пешта, кон најубавото здание во Европа – Парламентот. Тврдината е преубав комплекс од седум бели кули кои ги симболизираат седумте племиња кои ја основале државата. И нормално моето фотографско чувство проработува. Од секој агол фотографирам да ја доловам убавината, но и да останат спомени за убавите мигови во градот на Дунав.

sv.stefan

Следниот ден откривање на Пешта, за која велат дека е „жив дел“ од градот. Пoд Будим кон Пешта се оди преку Верижниот, или Мостот на лавовите, кој е симбол на градот, изграден е 1849 година. Изградбата на мостот ја иницирал грофот Иштван поттикнат од лична трагедија. Чекајќи Дунав да одмрзне, за да може да го посети болниот татко, грофот закаснил да се ,,прости од него,, После тоа Иштван решил да го покори Дунав. Го изградил мостот со симболи спојувајќи ги на тој начин Будим и Пешта.

20170602_134514

Патот ме води кон базиликата Св. Стефан, импозантно здание во кое се чува мумифицираната рака на првиот унгарски крал. Бројни посетители кои сакаат да влезат внатре. Правам фотографии за спомен. А потоа посета на некои од бројните кафулиња.

parlamentot vnatre

Третиот ден посета на Парламентот. Еден од наубавите комплекси, кој импресионира во секој поглед. Како надворешно, така внатрешно. Посетата внатре трае еден час. Ходниците – вистински уметнички галерии, собите со злато. Посебен впечаток остава просторијата каде е круната од Св. Стефан, каде за жал не е дозволено фотографирање. Завршува и посетата на парламентот, а патот го продолжуваме во обиколката кон Плоштадот на слободата, па Операта, улицата Андраши…Потоа со метро кон Плоштадот на хероите, место изградено во чест на 1000 годишнината од постоењето на унгарската држава. Посебно задоволство е посетата на Зоолошката градина, една од најубавите и најинтересните во Европа.

plostadot na heroite

Последниот ден од мојата посета на Будимпешта повторно стариот дел од градот. Пред Националниот дом на Унгарците (Magar hauz) илјадници туристи. Музика, концерти, презентација на традиција. Нашите домаќинки Личија и Кристина с епогрижија за убава прослава на Националниод ден на единство на Унгарците. Полека изминаа и последните часови од мојата визита на кралицата на Дунав. Ноќта враќање назад – во Македонија. Ми останаа убавите спомени и бројните фотографии кои којзнае можеби ќе бидат изложени на изложба по некој повод.

20170602_134028

Каролина Мицеска




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.