Декемврискиот извештај „Велика Британија и иднината на Западен Балкан“ на Домот на лордовите, во кој се бара влез на Македонија во НАТО и без решение на спорот со името, е усвоен еден месец по посетата на претседателот Ѓорге Иванов на Велика Британија.
Македонскиот претседател на 1 ноември 2017 година во Лондон оствари средба со спикерот на Домот на лордовите, Лордот Фаулер.
На оваа средба, во пресрет на 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Велика Британија што се одбележува годинава, Иванов ја повторил потребата од интеграција на земјава во Европската Унија и во НАТО и го искажал очекувањето да продолжи британската поддршка кон регионот и кон Република Македонија, и покрај Брегзит.
Инаку, во својот извештај „Велика Британија и иднината на Западен Балкан“ од 13 декември 2017 година, Комитетот на надворешни односи на Домот на Лордовите, се наведува дека британската влада треба да поддржи мерки да и помогне на Македонија да се приклучи на НАТО, со или без решение на прашање за името.