Болело на своја кожа: Ципрас ја повика Турција да го почитувала меѓународното право

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во неделата ја повика Турција да ги запре илегалните активности во Егејското Море и да го почитува Меѓународното право, пренесува грчки “Екатимерини”.

Ципрас повикот го упатил при неговата посета на Псара за време на прославата на денот на независноста на Грција.

“Грција има капацитет да ги заштити самата своите суверени права и територијален интегритет”, рекол Ципрас.

Тој зборнал и за двајцата грчки војници кои на почетокот на овој месец биле уапсени од Турција, кога нелегално ја преминале границата. Според Ципрас Грција прави се за тие да се вратат во својата држава.

Сепак, болело кога нештата ќе ги почувстуваш на своја кожа. Грција го бара истото од Турција што и Македонија од Грција, да се почитува меѓународното право.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.