„Благодарам Заев“: Од затвор излегува мозокот на грабежот во „Прокредит Банка“

Трендот на ослободување криминалци од македонските затвори, осудени за сторени тешки кривични дела, од страна на актуелната Влада предводена од Зоран Заев, продолжува и понатаму.

Следен криминалец, на список на Заев, кој е ослободен од затвор е Флорим Малоку, кој воедно бил и мозокот на вооружениот грабеж во „Прокредит банка“ во центарот на Скопје, кој се случи на 10 април 2009 година. Тогаш од експозитурата на „Прокредит Банка“ беа украдени околу 50.000 евра, а за време на престрелките со „калашникови“, ранети беа тројца полицајци, објавува НетПрес.

Исто така, за време на грабежот повредени беа и неколку граѓани кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.

Флорим Малоку, кој денес е пуштен на слобода, преку неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, јавно му се заблагодари на македонскиот премиер, Зоран Заев, како и на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што пишува тој „лидер на Албанците во Македонија“.

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.