Бизарни тврдења од мајката на момче кое починало пред една година: Мојот син се враќа секоја ноќ

Мајката на Далтон Прагер, момчето кое минатиот септември починало на 25 години, тврди дека неговиот дух се враќа за да го посети семејството. Таа вели дека во куќата често забележуваат мирис од готвење во два или три часот на утро. Таа вели дека нејзиниот син сакал да готви.

Помалиот брат на Далтон се вика Сем. Тој често пати се будел и и’ раскажувал на мајка му дека некој го прегрнал и бакнал.

– Ни викаше дека секогаш ќе биде во наша близина, дури и на другиот свет – вели неговата мајка Рене.

Животната приказна на младиот Далтон и неговата сопруга Кети се рашири низ цел свет.

Имено, Кети и Далтон боледувале од цистична фиброза, а ги зближила токму заедничката болест. Се запознале како тинејџери, во време кога и двајцата се бореле со тешката болест која создава проблеми во дишењето, ја пореметува работата на цревата и црниот дроб.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.