Беше на работ на смртта, заради дрога заврши во затвор и живееше во пекол: Денес е модна икона и сопруга на милијардер (ФОТО)

Jавноста најмногу е заинтересирана за нејзиниот приватен живот, односно врската со 27 години постариот милијардер Александар Лебедев, со кого има три деца. Елена денес живее живот како од бајките, но нејзиното минато воопшто не е сјајно.

Пораснала во сиромашно семејство, а како тинејџерка влегла во лошо друштво. Поради “растурање” на дрога речиси да завршила на служење на затворска казна.

Пораснала во Новосибирск, а на 16 години решила да го напушти домот. Врската со дилер и лошото друштво ја довеле до затвор, кога единствен помош и понудил поранешниот агент на КГБ, Лебедев. Иако соработувала со полицијата и им ги дала сите информации кои ги бараат, таа не била заштитена.

??

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova) on

“Соработувала со нив, но можела да биде убиена”, рекол Лебедев за списанието “Time”.

Дилерот кој го предала и се заканувал со смрт, а полицијата не можела да и пружи заштита, па на помош дошол Лебедев, кој добил писмо од нејзиниот татко, и одлучил да и помогне. Ангажирал добар адвокат, кој ја спасил од затворска казна, поради што Елена го нарекла свој ангел чувар.

Елена подоцна започнала кариера како манекенка и направила прв сет фотографии за списанието “Playboy”. Тоа ја однело пред големата врата на високата модна сцена, а паралелно со градењето на кариерата, Елена студирала економија во Москва.

Таа започнала и романса со Лебедев, медиумски могул и еден од сопствениците на “Новаја Газета”. “Forbes” пред пет години го прогласил за еден од најбогатите Руси.

Денес среќниот пар има три деца и живее мирен живот, уживајќи во риболов и други семејни работи. Иако моментално ужива во својот дом во Лондон, вели дека срцето и е во Москва, каде таа и Александар воделе едноставен живот.

„Најмногу сакавме да правиме дупки во реката и да ловиме риба”, се потсетила Елена на животот во татковината. Елена последните неколку години е модна икона.

 

????

A post shared by Lena Perminova (@lenaperminova) on

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.