После 15 Октомври на младите од општина Прилеп, ќе им се овозможи да се стекнат сопствен дом, семејна куќа по исклучително поволни услови, кои ќе им ги обезбеди локалната самоуправа, предвидува проектот во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески од новата ера за Прилеп.
Се предвидува овој проект да биде на иницијатива на Советот на општина Прилеп, а истиот ќе се реализира во новопроектираната типска населба “Градина”, каде постои земјиште во сопственост на Република Македонија.
Во населбата “Градина”, во која веќе е во завршна фаза и инфраструктурата за блок од 40 градежни парцели, на младите ќе им биде понудено да изградат сопствена куќа по исклучително поволни услови, со што ќе им се овозможи да го решат сопственото станбено прашање.
Проектираните градежни парцели со намена да индивидуално домување, младите брачни парови ќе ги добијат бесплатно, а со одлука на совет ќе бидат ослободени и од плаќање на надомест за комуналии.
Под овие услови, со бесплатно градежно земјиште, со ослободување од плаќање на комуналии и огромната заштеда на финансии, останува на младите да вложат само во изградбата на објектот и да го изградат сопствениот дом!
Ова е една одлична мерка која ќе ги поттикне младите на брак и основање на семејство, со што значително би се зголемил и наталитетот во општината.
А/Г/