“Бесплатен градски превоз за студенти,ученици и социјални категории???”

Jaвниот градски превоз во Прилеп е еден од најуспешните проекти кој го воведе претходната локална власт предводена од градоначалникот Марјан Ристески.

Овој проект кој тогаш беше дочекан со аплаузи, постојано се унапредуваше и денес функционира одлично и во интерес на сите граѓани.

Прилеп е еден од ретките градови во државата кој има градски превоз и истиот е масовно искористен од граѓаните.

Она што е потребно во овој момент е зголемување на бројот на линии на градскиот превоз, зголемување на бројот на автобуси и линии до поголемите населени места.

Но, со зголемените трошоци за живот, би било добро и доколку се воведе мерка за бесплатно возење на студентите и учениците, и тоа не само за оние кои живеат подалеку од 2км од училиштата во кои посетуваат настава, туки за сите и во текот на целиот ден.

Оваа мерка младите веќе ја бараат од новата локална гарнитура која владее со општината во Прилеп и би била мерка која значително би го растеретила буџетот во нивните семејства, но би овозможила и поголема мобилност на младите.

Како што сега стојат работите во Прилеп, новите власти се немаат зафатено со решавање на потребите на најмладите и сеуште немаат понудено никаква мерка за олеснување на нивните секојдневни активности.

Воведувањето на бесплатен градски превоз младите прилепчани го заслужуваат и имаат голема потреба од тоа. За локалната власт на градоначалникот Илија Јованоски оваа мерка треба да биде една од првите која би ја донел во интерес за младите луѓе, за кои доста ветуваше во предизборниот период.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.