БРУТАЛНО ДЕГРАДИРАЊЕ НА НАЈДОБРИТЕ: Сашко Кедев деградиран небаре на позиција на медицинска сестра

Кардиологот Сашко Кедев кој прв во светот имплементираше нова метода за спречување на мозочен удар, повеќе не е во тимот на кардиолози на клиниката.

-Сега сум вратен на позиција како пред 20-25 години. Сега сум обичен кардиолог-специјалист. Има нов директор, нов раководител, кои не се меѓу првите 5 интервентни кардиолози. Тоа Филипче го знае, но ништо не презема. Ќе биде тешко во иднина да објасни дека потпаднал под политички притисоци за назнаување на кадри, рече Кедев гостувајќи на телевизија Телма.

Кедев е загрижен за состојбите во интервентната кардиологија и дека поради негрижата таа може да прејде во доменот на приватното здравство.

-Клиниката за Кардиологија не е во состојба да гарантира безбедно лекување на пациентите, додаде Кедев.

 

Извор: “Инфомакс”

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.