Меѓународната боксерска федерација му дозволи на Украинецот Владимир Кличко реванш дуел со Британецот Ентони Џошуа, кој би требало да се одржи на крајот од годинава.
Џошуа стана светски шампион во тешка категорија во ИБФ, ВБА и ИБО, откако на лондонски Вембли го нокаутираше Кличко во 11-та рунда.
Негов предизвикувач требаше да биде Бугаринот Кубрат Пулев, меѓутоа, ИБФ дозволи реванш меч меѓу Кличко и Џошуа, но тој меч мора да биде одржан пред 2 декември. Бугаринот се согласил да боксува со победникот од оваа борба.
Местото на борбата сеуште не е одредено, но се спомнуваат Нигерија, Дубаи, Кардиф и Лас Вегас.
Ф.Г.