Астероид се приближува кон Земјата

Астероид, кој астрономите прв пат го забележале по 5 години, на 12-ти октомври ќе помине покрај Земјата и ќе ја промаши за 44.000 километри.

asteroid-zemja

Астероидот 2012 TC4 има димензии меѓу 15 и 30 метри, а неговото блиско поминување покрај Земјата ќе биде можност астрономите да дознаат нешто повеќе за него, наведува Европската вселенска агенција.

-Малиот астероид кој ќе помине покрај Земјата на 12 октомври ќе им овозможи на научниците невеоројатна прилика да научат нешто повеќе за неговата орбита и составот, се наведува во соопштението.

Тој ќе и се доближи на Земјата на далечина која е отприлика девет пати поблиска од Месечината.

Научниците откриваат дека астероидот со оваа големина доколку би влегол во Земјината атмосфера би создал ист ефект како и метеоритот кој падна во февруари 2013 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.