“Анѓушев и Заев по којзнае кој пат си згазнаа на зборот – И денеска нема плата за Еурокомпозитци?!”

Вработените во Еурокомпозит Прилеп се гневни и разочарани од како изминува и последниот ден од дадениот рок за исплата на една Републичка плата за да работниците се вратат на своите работни места и веќе од наредната недела компанијата да почне со произвотство.

Вработените во вторникот протестираа пред владата, а претставници на компанијата од Прилеп се сретнаа со високи функционери во владата при што на средбата било договорено исплата на една Републичка плата до денеска.

Еурокомпозитци денеска требаше да се вратат на своите работни места, но како што изминува денешниот ден плата нема на сметката на вработените – дознава “Канал Визија“.

Според неофицијални информации доколку ваквата ситуација не се промени работниците ќе продолжат да штрајкуваат и нема да продолжат со произвотство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.