ВМРО-ДПМНЕ има огромна предност пред СДСМ во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври. Според анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“, 28,4 отсто од гласачите би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат избори, а за СДСМ би гласале 18,1 процент.
Според анкетата, најголема доверба ужива претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, односно 29,2 отсто, а премиерот Зоран Заев има само 14,8 проценти доверба од граѓаните.
Анкетата е спроведена од 13 до 16 септември. Испитувањето на јавното мислење е направено телефонски, а партиципирале 1124 испитаници.
-Анкетата беше спроведена со цел да се измерат генералните перцепции во пресрет на локалните избори закажани за 15 октомври. Оваа анкета беше спроведена на ниво на цела Република Македонија и притоа беа земени сите демографски карактеристики, се вели во соопштението од Институтот Димитрија Чуповски.