Доколку има предвремени парламентарни избори, За ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентрани избори би гласале 27 отсто од испитаниците, 17 отсто за СДСМ, по 7 отсто за ДУИ и за БЕСА, а по 2 отсто за Алијансата на Албанците и за ДПА. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) спроведена преку интервјуа лице-во-лице врз репрезентативен примерок од 1.108 граѓани во периодот од 4 до 12 март годинава.
Четириесет и четири отсто од испитаниците сметаат дека треба да има предвремени парламентарни избори, 41 отсто дена не треба, а 15 отсто не знаат.
Доколку се одржат предвремени парламентарни избори, 59 отсто од испитаниците би биле многу расположени да гласат, 18 отсто би гласале, а 7 отсто не се расположени да гласаат.
Доколку има предвремени парламентарни избори, За ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентрани избори би гласале 27 отсто од испитаниците, 17 отсто за СДСМ, по 7 отсто за ДУИ и за БЕСА, а по 2 отсто за Алијансата на Албанците и за ДПА.
На прашањето кои се двата најсериозни проблема со кои се соочува Македонија, 45 отсто од испитаниците одговориле моменталната политичка состојба и политичката криза, 37 отсто ја истакнале невработеноста, 23 отсто лошиот стандард на живеење, а 18 отсто економската криза. За 7 отсто проблем е националното неединство предизвикано од тиранската платформа, а за 6 отсто интеретничките односи.
На прашањето, пак, дали претседателот Ѓорге Иванов треба да го даде мандатот за формирање на владата на новото парламентарно мнозинство, 58 отсто од испитаниците одговориле позитивно, 22 отсто се против, за 12 отсто зависи од последиците што ќе ги предизвика за земјата, за 5 отсто зависи кој ќе биде мандатар, а 10 отсто немале одговор.
Извор: kurir.mk