Америка овие денови буквално гори! Температурата изнесува 47 степени, а на бетонот дури 76, па нималку не зачудува што некои предмети, претежно од пластика, буквално се истопија на врелиот асфалт.
Највисоката температура во Феникс, главниот град на американската сојузна држава Аризона, е забележана на 26 јуни 1990 година, кога изнесувала 50 степени Целзиусови. Сепак, големата жештина која ги мачи граѓаните овие денови, се заканува да го урне тој рекорд.
It's so hot in Arizona our cactus melted. It tried to morph into a jumping cholla to dive into the pool. #toohot pic.twitter.com/yFt1HJnyrb
— Peter Corbett (@PeterCorbett1) June 23, 2017
Како што пренесуваат американските медиуми, 50 летови од најголемиот аеродром во Аризона “Скај Харбор” се откажани поради превисоките температури.
А.Г.