Eден од најпопуларните карневали во државата Вевчанскиот и оваа година предизвика огромно внимание и голема посетеност.
Попладнево се случи и дефилето на маски и одново стотици маскирани вевчанци продефилираа пред публиката.
Преку голем број маски изработени до совршенство, вевчанци ги исмеаа актуелните политички случувања и новата власт во државта.
Со натписи “Македонците не се терористи”, “Каква Влада таков василичар”…., маскираните потсетија на апсењето на пратеникот од оваа општина Крсто Муковски, а присуството на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, според информациите било исфиркано.
Преку маските вевчанци го бркаат злото и го слават светецот Василиј.