АТЕНТАТИТЕ СЕ ВРАТИЈА НА БАЛКАНОТ: Убиен лидерот на граѓанската иницијатива “Србија, демократија, правда” Оливер Ивановиќ

Oливер Ивановиќ, лидерот на Граѓанската иницијатива “Слобода, демократија, правда” им подлегнал на повредите, откако утрово било пукано на него во Косовска Митровица.

Ивановиќ имал повеќе прострелни рани во горниот дел од телото, а лекарите се обиделе да го реанимираат неуспешно.

Според пишувањата на српскиот портал “Информер” непознат убиец од зад грб испукал повеќе куршуми кон Ивановиќ, а еден од нив бил смртоносен за него.

Оливер Ивановиќ е убиен во класичен атентат кој утрово се случил во Косовска Митровица.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.