Основачот на ВИКИЛИКС Џулијан Асанж го нарече голема победа откажувањето на шведското обвинителство за истрагата за неговиот случај, но наведе дека “патот сеуште не е готов”.
“Ова денес е важна победа за мене… Сепак, само што започна, вистинската војна е пред мене”, рече Асанж обраќајќи им се на новинарите од балконот на Амбасадата на Еквадор во Лондон.
Според зборовите на Асанж, држењето стража и оптужување без причина станале вистински карактеристики на Европската Унија.
“Цивилизираните држави не смеат така да се однесуваат”, вели Асанж.
Тој истакна дека е подготвен за дијалог со Министерството за правда на САД и британските власти.
“Заканите на моја сметка и на сметка на моите соработници од Викиликс нема да бидат толерирани… Сепак со задоволство ќе расговарам со Министерството за правда на САД и со британските власти”.
Тој најави дека Викиликс ќе ја продолжи својата дејност, односно ќе продолжи да објавува документи. Исто така, тој го нарече победа и ослободувањето на еден од изворите за информации на Викиликс, Челзи Менинг.
Ф.Г.