Идеата на Хитлер била во специјални домови да се одгледуваат стотина илјади русокоси, силни деца, кои до 1972 година ќе создадат супернација која би броела 120 милиони луѓе. Освен логорите на смртта, другата најголема тајна на нацистичкиот систем бил таканаречениот проект ” Лебенсборн “.
Според расистичките идеи на филозофот Алфред Росенберг, техничките детали ги разработил самиот Ханриј Химлер.
Нацистичките окружни сили во тој контекст би нараснале на 600 ЦЦ-дивизии. Со таа воена моќ, сметале дека никој не би можел да им се спротистави.
Оваа потполно неверојатна идеа за промена на човечка раса, била можеби и најлудата замисла која ја имала таа екипа, опседната со култови, алхемија…
– Нордискиот човек е најубавото човечко суштество на светот. И по интелегенција и според својата неверојатна појава, тој е супериорен. Нордиецот има светла коса и плави очи, тој е крал на кралевите во однос на останатите луѓе на Земјата, пишувал Ханс Гунтер, нацистички теоретичар. Според неговите критериуми, идеални биле Норвежаните, “потомци на Викинзите”… Викинзите се, според него, идеално ариевско потомство, бидејќи ги имале сите “барани” карактеристики баш како и Германците, па дури и подобри. Сепак Норвешка не била доволна.
Според планот на Хитлер, основан бил специјален тим за “расно бирање”, кој низ окупираните држави, односно низ цел свет, требало да собери жени за создавање суперариевка раса.
Проектот бил во полн замав. Во средината на 1936 година Хитлер го отворил првиот “Лебенсборн”, во дворец во близина на Минхен. Системот имал “Домови мајки” и “Домови деца”.
Децата кои не останале русокоси, ги очекувала тешка судбина. Гасна комора. Пред крајот на војната, Хитлер наредил уништување на сите деца родени за време на овој проект, но таа наредба никогаш не се извршила.