Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, предупреди дека најновиот извештај покажува дека Америка ја делат само неколку месеци од можниот нуклеарен напад од страна на Северна Кореја.
” Програмата за нуклеарното вооружување на Северна Кореја продолжува да се шири, унапредува, да станува помоќна, поспособна, посамоуверена”, изјави Помпео за Си-Би-Ес.
На прашањето колку време не дели од можниот напад на Северна Кореја, Помпео одговори: ” Неколку месеци “.
” Њујорк пост” забележува дека Помпео изнел слични прогнози и во октомври минатата година.