Џудо клубот “Бушидо” со пет натпреварувачи освои 5 медали на 16-тиот меѓународен натпревар “Прилеп Опен”

Градот под “Mарковите Kули” викендов беше домаќин на 16-тиот по ред Меѓународeн џудо турнир „Прилеп опен“ во организација на Џудо клубот Пролетер. Свое учество на турнирот имаа прилепските џудо клубови “Пролетер”, “Бушидо” и “Сеишин”, како и натпреварувачи од Србија, Косово, Грција, Бугарија.

Џудо Клубот “Бушидо” учествуваше со 5 свои натпреварувачи и освои исто толку медали.

Поединечно од клубот забележани се следните резултати:

1.Државната репрезентативка Теодора Ристеска го освои  првото место во кадети – 48 кгр
2.Ема Димитриоска -2 место
3.Мартина Јанкоска -1 место
4.Антонио Талески -2 место
5.Дарко Насевски -3 место




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.