Ќе ви се замрзне крвта во вените: Страшно видео од стадионот во Волфсбург ја покажува силата на природата

За тоа колкава е моќта на природата сме можеле да се увериме многупати, а најновиот пример пристигнува од еден од најмодерните спортски терени во Европа.

Стадионот “Фолксваген Арена”, иако е изграден во 2002 година, спаѓа помеѓу најмодерните во Европа, а ова навистина преубаво здание претрпе силен удар од невремето “Ксавијер”, кое изминатите три дена ги погоди Германија и Полска, при што усмрти 10 луѓе.

Кровот на стадионот, кој е направен од хибридно стакло, изгледал како хартија при налетот на ветрот кој се движел со брзина од 178км/ч.

Сепак, избегната е трагедија, бидејќи кровот успеал да издржи.

Погледнете го видеото:

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.