Земјата која некогаш ја имаше најголемата комунистичка партија надвор од советскиот блок и која аналитичарите ја сметаат за најслаба алка во европскиот ланец може да се оттргне од Европската Унија, пишува “Њујорк Тајмс”.
Италија се приближува кон Русија.
Весникот наведува дека Доналд Трамп амбасадата во Рим ја оставил без амбасадор и го препуштил геополитичкото игралиште на рускиот амбасадор во Рим, Сергеј Разов.
Искусниот руски дипломат Разов полека гради односи со италјанските политичари, организира концерти за преживеаните во земјотресите во Италија и ги посетува регионалните функционери кои зборуваат против “нечесните” санкции кон Русија.
Ф.Г.