Аналитичарот близок до СДСМ, Агим Јонуз во обид да ја одбрани стратегијата на владата на СДС за доселување на мигранти во Македонија, градење на кампови и нудење на низа други поволности, откри дека се работи за нешто за кое нема да биде прашан народот.
–Кои сме ние да одлучуваме за нешта што се во една системска група на држави кои мора да прифатат решенија дојдени одозгора. Еве и господинот нека ми објасни мене, ако некој друг одлучи дека ние мора да правиме кампови, кој ќе ги спречи?Има да правиме и песна да пееме– рече Агим Јонуз.
Агим Јонуз потврди дека постои основан страв кај народот од промена на демографската структура на анселението, бидејќи за другите работи за кои има финансиски импликации во најголем дел ќе се погрижат странски фондови.
–Македонија има еден единствен проблем и никаков друг, а тоа е стравот од демографски промени и никаков друг. Затоа штo за се друго е постојат фондови– рече Јонуз.
Извор: kurir.mk