Фолк пејачката Јелена Карлеуша сериозно има намера да влезе во политика. Атрактивната пејачка би сакала да стане градоначалник на Белград, а себе си се спореди со досегашниот претседател Томислав Николиќ.
-Зошто да не бидам градоначалник? Па ако можеше Тома Николиќ да биде избран за претседател на државата, можам и јас да бидам градоначалник, рекла пејачката додека во жарот на говорот и отпаднале перја од облеката.
Српските медиуми пренесуваат и дека Миломир Мариќ искоментирал пред неа оти и паѓаат пердуви како на вистинска кокошка, на што Карлеуша се насмеала и го пофалила за шегата на нејзина сметка.
Откако кладилниците ги објавија квотите за изборите во Белград, сите ја видоа естрадната ѕвезда како најсилен кандидат и веднаш ја прогласија за кандидат на ЛДП за градоначалник на Белград.
Откако добила добри оцени, Карлеуша дополнително ја загреа атмосферата со својот твит во кој напиша “Да се кандидирам за градоначалник?”