Обвинетиот за маскарот на Смилковското езеро каде 5 лица беа свирепо убени, Фејзи Азири, разговарал телефонски со потпретседателот на ДУИ Невзат Бејта, потврди и премиерот Зоран Заев, кој уверува дека Азири и Бејта зборувале за субвенции за земјоделство. За ова, со реакција се јави новинарот Дарко Јаневски.
-Ете, Бејта зборувал со Азири од Смиљковско за субвенции. Така сега вели Заев! Значи, тој продолжува да копа по коските на децата, ги вади, па повторно ги закопува, си игра со нив, ги шутира преку ден, навечер ги прибира, утре ден повторно ги истура, за да може неговата банда, кој да јаде чорба од 50 денари, кој да врти милиони, и попат да си плаќа и рекет. Се разбира, тука спаѓаат и неговите новинарски потрчковци, платени главно од надвор. Некој би рекол – подоле од ова изгледа не може. Но, не велете два пати. Кога се овие во прашање, одговорот е – може, може, пишува Јаневски на својот Фејсбук профил.
Извор: kurir.mk