Авторот и соработник на “Њујорк Тајмс” Пол Гринберг во својот нов документарец “The Fish On My Plate” ја тестирал една од најголемите нутриционистички мистерии – рибата.
Целта на Гринберг била да истражи колку е корисно да се јаде риба, со оглед на нејзиното богатство од омега 3 масни киселини, лековитото дејство кое го има против депресија, квалитетниот сон, крвниот притисок и холестеролот.
Одлучил година дена да јаде риба, а она што му се случило со организмот било сосема неочекувано. Имено, не му се случило ништо, освен што му се покачил крвниот притисок за малку повеќе отколку што било тоа во претходната година, пишува “Man’s health”.
Исто така имало појава на одредени нуспојави како намалена меморија и споро размислување.
“Рибата е многу повеќе од омега 3 масни киселини”, вели Др.Дариуш Мозафариан и додава “Таа содржи и цинк, важни амино киселини, витамин Д… Исто така доколку се конзумира умерено, немате причина да се плашите дека ќе се затруете”.
Ф.Г.