Скопје денеска и утре е центар на фудбалска Европа, Реал Мадрид утре во 20:45 го играат натпреварот од Суперкупот на Европа против освојувачот на Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ први слетаа во Скопје и со полициски придружба се упатија кон „ТЦЦ Плаза“ каде ќе бидат сместени. Околу хотелот не може „пиле да пролета“, бидејќи за нивната безбедност е ангажирано големо полициско обезбедување.
„Кралевите“, пак, слетаа 30 минути подоцна директно упатувајќи се кон „Александар Палас“.
Иако неговиот настап за Суперкупот беше под знак прашалник, во Скопје со тимот на Реал Мадрид, пристигна и најдобриот играч на светот Кристијано Роналдо.