Центарот во Прилеп и плоштадите “Методија Андонов – Ченто” и “Александрија” за кратко време беа исчистени откако Прилеп го зафати силно невреме и попладнево истите беа поплавени.
Благодарение на експресната интервенција на Локалната Самоуправа и ЈКП Комуналец Прилеп, забавата на фестивалот на пивото и скарата ќе продолжи без проблеми.
Иако некои медиуми манипулираа со јавноста дека наводно фестивалот ќе биде прекинат, фотографиите од центарот на Прилеп моментално покажуваат нешто сосем друго.
Ова говори за беспрекорната организација на Пиво Фестот и за посветеноста на Општина Прилеп се да помине во беспрекорен ред.