Подгответе се за нова тура дожд и уште едно заладување

vremetemnioblaci

Сончево со мала до умерена облачност претежно на запад и на исток. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, поизразен попладне и вдолж Повардарието. Температурата ќе биде во интервал од 19 дo 25 степени.

До крајот на работната недела ќе се задржи топлото време. Преодно наоблачување ќе има во четврток со појава на повремен краткотраен дожд во попладневните часови. Максималните температури нема многу да се менуваат,а утрински негативни температури не се очекуваат. За време на викендот краткотрајно ќе дува постуден северен ветер, ќе биде се посвежо и ќе преовладува зголемена облачност. Ќе има и повремени врнежи од дожд претежно во попладневните часови во западните и северните делови од земјата. Од понеделник ќе има и позначително спуштање на температурата.

5rds




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.