Николиќ: Иванов полуде поради БЈРМ – на последната средба падна тешка кавга

ivanov-nikolik-1

Српскиот Претседател Томислав Николиќ во интервју за РТС вечерва, меѓу другото, рече дека македонскиот Претседател Ѓорге Иванов многу невешто го убедувал предминатата година кога се гласаше во Париз дали Косово треба да стане член на УНЕСКО, дека Македонија гласала за, затоа што амбасадорот е Албанец. Според Николиќ, Иванов го убедувал дека амбасадорот гласал спротивно неговите препораки. Во тој период амбасадор на РМ во Париз беше Агрон Буџаку.

Николиќ откри и дека Иванов ,,полудел“ на нивната последна средба и дека тогаш прилично се скарале. Тогаш Иванов го прашал луто зошто се ставени табли на влез во Македонија со натпис БЈРМ. Српскиот Претседател му одговорил дека тие табли биле поставени од грчиот изведувач на работите на автопатот, но дека доколку не стоело официјалното име под кое не ословува светот, никој немало да знае дека влегува во Македонија. Не е точно дека тоа беше наша одмазда заради гласањето во УНЕСКО против Србија , рече Николиќ и додаде-Па, зарем на малите ќе им се одмаздуваме?

Томислав Николиќ потврди дека нема да се кандидира на претстојните претседателски избори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.