МЕЛАНИЈА ТРАМП ГИ ПРЕДУПРЕДИ ЖИТЕЛИТЕ НА РОДНОТО СЕВНИЦА: Без моја согласност не заработувајте на моето име

Откако Трамп победи на претседателските избори во САД, Словенците името на Меланија почнале да го лепат и употребуваат за се и сешто од колачи до мед.

trump

Првата дама на САД Меланија Трамп им порача на жителите во нејзиното родно место Севница да престанат да го злоупотребуваат нејзиното име за  да заработат повеќе.

Севничани ќе мораат да се откажат од новооткриениот начин на лесна заработувачка од името на првата дама на САД бидејќи  Меланија Трамп, родена Кнавс, ангажирала адвокатска канцеларија која жителите на нејзиното родно место треба да ги предупреди дека  нејзиното име и лик не можат да го користат за комерцијални работи, ако за тоа немаат согласност од неа.

Така, на пример од родното место на Меланија на туристите им се нуди мед,, Од Градината на Меланија“.

Бидејќи ова земало голем замав , адвокатскиот тим од фирмата Pirc Musar & partners упатила предупредување со кое на жителите во Севница им се укажува дека го кршат словенскиот закон за авторски права и дека не смеат да го користат името на Меланија , нејзиниот лик за плакати и различни производи.

Пирц Мусар објаснува дека ги предупредиле жителите и дека очекуваат дека ќе се прекине со таа пракса.

Бруно Видмар, сопственик на пицеријата Рондо во Севница, не се грижи поради правната опомена од адвокатската канцеларија. Од победата на Трамп, како што тврди, прометот и посетеноста му се зголемиле за 20%, пред се поради новиот десерт , кој го нарекол Меланија.

„Први го смисливме тоа, многу новинари дојдоа во ресторанот за да го пробаат десертот, а по објавувањето на Фејсбук и Твитер стана вистински бум“- вели  Видмар.

И тој, консултирал адвокат кој му рекол дека нема никаков проблем, да не се грижи, се додека не би го употребил нејзиниот лик.

Нуша Видмар пак продава торта Меланија, која содржи бело чоколадо со ореви и златен желатин.

„Гледавме и сакавме да направиме нешто убаво како неа“, вели Нуша.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.