МАРКУКУЛЕ АНКЕТА: До каде ќе стигне македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во Франција?

Maкедонија во континуитет настапува на големите ракометни натпреварувања. Светското првенство во Франција го започнавме победнички. Од дружината на Кире Лазаров настрадаа Тунис и Ангола, а загубивме од Словенија. Македонија веќе се пласира во осминафиналето, но сеуште не е познат противникот кој не чека таму. Тоа пред се зависи од последите два натпревари во групната фаза, каде се среќаваме со репрезентациите на Шпанија и Исланд. Сите карти се отворени. Македонија има шанса да се најде и на првото место на табелата, но и да биде четвртопласирана, што ќе значи судир со фаворитот број еден и домаќин Франција.

Koe e вашето мислење, до каде ќе стигне нашата најдобра ракометна репрезентација?

  • ќе ја минат осминафиналната фаза
  • осминафиналниот меч ќе им биде последен
  • ќе се борат за медал

 

До каде ќе стигне македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во Франција?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.