ХОРОР ВО СКОПЈЕ: Утринава тројно убиство и самоубиство

ochoich894p984p78978p8988p985p8

Тројно убиство и самоубиство викендов ја потресоа Македонија. Во 10 часот непознато лице извршило убиство на три лица. Полицијата информира дека едно лице е убиено во селото Глумово, додека две лица се убиени на влез во селото Кондово.

При обид за приведување на лицето во селото Глумово од страна на полициски службеници од единицата „Алфа“, истото извршило самоубиство.

Смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Увидот е во тек.

Најверојатно сторител е Ш.С. од селото Глумово.

Се очекуваат повеќе детали од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.