ФОТО: Родена е еден ден по лимитот за абортус – Никој не верувал дека ќе преживее, а еве како изгледа денес

Предвременото раѓање е проследено со цела низа здравствени компликации кои може да го загрозат животот на детето или да му го отежнат животот и понатамошното растење.

Иако медицината напредува од година во година, и натаму се случува бебињата да се родат толку рано, што едноставно е невозможно да преживеат.

Сепак, повремено се раѓа и бебе кое ги победува сите мрачни прогнози, па со право го носи прекарот “чудо од дете”.

Едно од таквите деца дошло на свет во Велика Британија. Родено е само ден по дозволениот лимит за абортус во оваа земја, што е 24. недела од бременоста.

Девојчето на свет дошло толку мало и нежно, што мозокот и се гледал низ кожата, а тежело само 500 грама. Седум минути по раѓањето малата Халил Дилон не дишела бидејќи и откажале белите дробови.

-Знам дека тоа не е убаво да се каже ниту слушне, но кога се роди изгледаше како црвен вонземјанин. Воопшто не личеше на бебе бидејќи и натаму беше фетус. Воопшто не се надевав дека ќе преживее. Кога ја извадија од мене, ја ставија во инкубатор. Не смеев да ја допирам, само и ги гледав вените и мозокот низ црвената кожа, вели Шери, која породилни контракции почувствувала во јануари 2017. година, но бидејќи било рано за породувањето, во болницата не знаеле што да прават, па била префрлена во друг град, во подобро опремена болница.

Патот траел осум часа и вклучувал возење со автомобил и траект.

Сепак, до породувањето не дошло, па две недели подоцна била пратена дома бидејќи се делувало дека критичниот период минал и дека бебето ќе остане во стомакот. Два дена подоцна, додека седела дома, и пукнал воденикот и следувала борба за живот.

-Страшно сум горда на својот мал борец. Немаше ни развиени очи кога се роди и лекарите не и даваа никакви шанси. Не само што преживеа, туку за некое чудо и го спасија и видот. Од болница конечно излеговме на 19. јуни 2017. година, два дена откако требаше да се случи породувањето. Пресреќна сум, но со сопругот донесовме една одлука – нема повеќе деца, доста ми е од болници, вели Шери.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.