Учениците од Прилеп изработија извонредни карневалски креации (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Традиционално и оваа година, учениците од основните и средните училишта во Прилеп изработија извонредни карневалски маски кои денеска беа презентирани на изложба.

За комисијата составена од професори по ликовно образование беше тешко да се одберат најдобрите, па според Снежана Ристеска од општина Прилеп, тие до доцна во ноќта одлучувале кои маски се најдобри и најкреативни.

Жири комисијата одлучи да ги награди маските, што ги изработија овие
ученици: Димитар Илиоски од 8-5 одделение од ООУ „Блаже Конески“, Иван Крстески од 1-1 одд. од СОУ „Ѓорче Петров“ и Давор Степаноски од СОУ „Орде Чопела“, кои се добитници на прва награда.

Втора награда добија учениците од дневниот центар „Ѕуница“, потоа Андреа Мирческа од ООУ „Кирил и Методиј“, од населеното место Подмол и Александар Гулабоски, ученик во гимназијата „ Мирче Ацев“. Третото место им припадна на учениците: Марија Долеска од 8-2 одделение од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, Семих Келенкоски од ООУ „Кирил и Методиј“ од н.м. Канатларци и Филип Трајкоски од 4-3 клас од гимназијата „Мирче Ацев“.

Во продолжение погледнете дел од уникатните карневалски креации:

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.